Септаназал го има она што им недостасува на другите производи.
Повеќето производи за нос дејствуваат брзо, но ја иритираат и сушат носната слузница, со непријатно чувство на печење во носот. Септаназал не само што го одзатнува носот, туку има и заштитна улога, овозможува заздравување на оштетената носна слузница. Покрај деконгестив (состојка која го одзатнува носот), содржи и декспантенол, со што го намалува времетраењето на носните симптоми, ја навлажнува и лекува носната слузница.
Што е декспантенол?
Декспантенол е алкохолен дериват на пантотенската киселина (витамин B5), со истата биорасположивост како и пантотенската киселина. Декспантенол се користи во лосиони за раце и креми за бебиња поради своите природни навлажнувачки и благотворни својства, кои исто така го помагаат процесот на лекување. Оваа супстанција ја има и во Септаназал, каде што го има истиот механизам на дејство:
ја обложува и штити носната слузница
лекува
ја навлажнува носната слузница*
го намалува воспалението и иритацијата на носната слузница*
* AntiennaWollina U, Nissen H-P, Kubicki J. AntientzündlicheWirkungen von Dexpanthenol. AktDermatol 2004; 30: 478-82.