Често поставувани прашања
1Зошто Септаназал се разликува од останатите деконгестиви достапни во аптеките?
Септаназал е нова генерација на деконгестиви со двојно дејство. Тој се разликува од останатите деконгестиви бидејќи содржи две активни состојки. Ксилометазолин брзо го одзатнува затнатиот нос, додека декспантенол овозможува дополнителна заштита и ја лекува носната слузница.
Декспантенол има синергистичко дејство при третманот, затоа што помага во заздравување на лезиите на носната слузница, го намалува воспалението и го скратува времетраењето на назалните симптоми.
2Дали Септаназал содржи конзерванси?
Септаназал не содржи конзерванси. Производот е микробиолошки чист, дури и по 3 месеци од отворањето, што е резултат на специјалното патентирано пластично шишенце со двојна заштита од внатрешната страна. Овој дизајн му дава повеќе волумен на пластичното шише, што овозможува корисникот да ја добие точната количина на лекот, како што е наведено на пакувањето (10 ml).
3Кога да користите изотоничен стерилен раствор со додаток на минерали, а кога деконгестив?
Изотоничен стерилен раствор со минерали може да користите при првите проблеми со носот како што се чешање, кивање и благ воден секрет. Исто така се препорачува за секојдневно чистење и како превенција во сезоната на настинка и грип.
Кога ќе се влошат симптомите на настинката, при затнат нос и густ секрет во носот, треба да користите деконгестив самостојно или во комбинација со стерилен изотоничен раствор.
4По користење на деконгестив, обично имам чувство на сувост, печење и непријатно чувство во носот. Дали има решение за тоа?
Тоа е нормално кога користите производи кои содржат само една активна состојка, како што е деконгестив. Септаназал е различен, затоа што содржи дополнителна активна состојка, декспантенол, кој ја навлажнува и смирува надразнетата носна слузница и го олеснува процесот на лекување, притоа враќајќи го пријатното чувство во вашиот нос.
5Дали спрејот Септаназал е погоден за деца?
Спрејот Септаназал е достапен во две форми, за возрасни и за деца. Тој може да се користи кај деца на возраст од 2-6 години; содржи помала количина од деконгестивот како активна состојка во однос на спрејот за возрасни. Додавањето на декспантенол прави оваа форма да биде особено погодна за носот на детето.